Вести Свет Топ вести

Лекови и хуманитарна помош на пат кон Газа – Израел и Хамас постигнаа договор

Израел и Хамас го постигнаа првиот договор по ноемврискиот за размена на заложници за затвореници и по повеќе од 100 дена од почетокот на војната во Појасот Газа. Во него посредуваа Катар и Франција и се однесува на лекови за израелските заложници и палестинските цивили. Два катарски авиона со 61 тон со фармацевтски средства, но и хуманитарна помош слетаа во Египет и се упатија кон палестинската енклава. Договорот се толкува како прв значителен напредок во индиректните преговори меѓу завојуваните страни во Појасот во кој продолжуваат борбите по смртоносната ноќ на бомбардирање.

Шпанскиот премиер Педро Санчез од светскиот економски форум во Давос предупреди дека иднината на меѓународниот поредок и светски просперитет е под закана од војните во Украина, Сирија и во Газа. Според него, економската отвореност, меѓународната солидарност и мултилатералниот систем се загрозени од оние кои промовираат фрагментација, заплашување и употреба на сила за наметнување на нивните интереси.

Шпанскиот премиер побара итен прекин на огнот меѓу во Појасот Гаса и повика на меѓународна мировна конференција за формирање на палестинска држава заедно со Израел.

Паралелно со катастрофалната состојба во Појасот Газа, се разгорува ситуацијата и во Црвеното Море. Соединетите Американски Држави ги прогласија Хутите за терористички ентитет по воздушните удари врз позиции на милитантите во Јемен. Американско-британскaтa кампања дојде по бранот напади на јеменските бунтовници врз комерцијални бродови во Црвеното Море. Одлуката значи и замрзнување на средства на бунтовничката група и забрана за влез на нивни членови во земјата.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе