Вести Свет

Иран бомбардираше цели и во Пакистан

По Сирија и Ирак, Иран изврши воздушни напади и во Пакистан, дополнително загрозувајќи ја безбедносната ситуација во поширокиот регион, која веќе е доволно комплицирана поради војната во Газа. Техеран, преку новинската агенција Тасним, поврзана со озлогласената Иранска револуционерна гарда, соопшти дека мета на нападите биле два оперативни штабови на милитантната група Џаиш ал Адл во провинцијата Балуџистан.

Пакистан веднаш го осуди иранскиот напад, нарекувајќи го тероризам затоа што во бомбардирањето биле убиени две деца а три други биле повредени.

„Пакистан е жртва на тероризам, во текот на последната година само во Балуџистан имавме повеќе од 80 теристички инциденти во кои беа убиени 240 лица. Значи ние сме жртва на тероризам и секаде каде што има тероризам Пакистан се обидувал да го искорени и да биде извор на стабилност, не само внатрешно туку и пошироко во регионот. Значи, ова е неприфатливо и Пакистан има право да одговори на било каква агресија против неговиот суверенитет“, изјави Чан Ачакзаи, портпарол на локалната влада во Балуџистан.

Овие ирански напади доаѓаат во период на исклучително зголемени тензии во поширокиот регион на Блискиот исток поради војната во Газа. И додека официјално Иран инсистира дека не сака да биде вовлечен во евентуален регионален конфликт, многумина во Оската на отпорот, групата организации финансирани од Иран за спротивставување на Израел и западната политика во регионот започнаа да извршуваат напади врз Израел и неговите сојузници. На израелско-либанската граница, Хезболах речиси секојдневно разменува оган со израелската армија, додека напади врз воени и комерцијални цели во Средоземното и во Црвеното море извршуваат како Хутите од Јемен, така и шиитските бунтовници од Сирија.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе