Филмови

ГРАБЕЖ НА ВЕКОТ – сабота, 13 јануари 2024 – 22:15

Во сончевиот и навидум обичен петок, на 13 јануари 2006 година, инструктор за боречки вештини, Фернандо Араухо, и неговата лично избрана четиричлена екипа упаднаа во филијалата на Банко Рио во богатата населба Акасусо во Буенос Аирес. Додека крадците работат брзо, празнејќи десетици сефови преполни со милиони долари, скапоцен накит и тешки златни шипки, главниот преговарач Мигел Силео и неговите до заби вооружени луѓе ја  опкружуваат двокатната зграда. Сега, петте ограбувачи и дваесет и три беспомошни заложници, се наоѓаат заробени во зградата.

Додека стотици полицајци ја опколуваат зградата, благодарение на лукавиот план и внимателна подготовка, криминалците успеале да украдат пари и вредни предмети во вкупна вредност од над 15 милиони долари од трезорот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СРЕЌНИТЕ ЛОГАНОВИ – недела, 05 мај 2024 – 23:50

Дејан Дејан

ЌЕ СЕ ГРИЖАМ ЗА ТЕБЕ – сабота, 04 мај 2024 – 22:15

Дејан Дејан

ФЕСТИВАЛOТ НА РИФКИН – сабота, 04 мај 2024 – 19:40

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе