Вести Свет

Во Чешка Ден на жалост за жртвите од пукањето на Карловиот универзитет

Во Чешка денеска е Ден на жалост, откако 24-годишен студент во четвртокот во пукање на Карловиот универзитет, уби 14 и рани 25 лица, а потоа си го одзеде животот.

Знамињата низ цела Чешка се спуштени на половина копје, а напладне црковните ѕвона биеја и имаше едноминутно молчење низ целата земја за жртвите.

Во Прага, како и во другите чешки градови, мерките за полициски надзор се засилени, а полицајци патролираат по улиците пред божиќните празници, ги надгледуваат пазарите, трговските центри и другите места каде што се собираат голем број луѓе. Културните настани за време на божиќниот викенд се откажани, а сите јавни настани ќе започнуваат со едноминутно молчење.

Пред Универзитетот не престануваат да доаѓаат студентите да запалат свеќа за убиените студенти. Жалат за загубата на младите животи, и им оддаваат почит.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе