Вести Свет

Хамас: Нема ослободување заложници додека Израел целосно не ја прекине војната

Mилитантната група која го контролира Појасот Газа, вели дека нема да има дополнително ослободување на заложниците додека Израел не се согласи на „целосен прекин на агресијата“.

Израел претходно соопшти дека во досегашната воена кампања убила повеќе од 2 000 борци на Хамас по прекинот на огнот со кој беа ослободени повеќе од 100 заложници.

Се верува дека околу 120 луѓе киднапирани на 7 октомври се уште се во заробеништво во Газа.

Во меѓувреме, продолжуваат напорите во Обединетите нации да се донесе резолуција за војната.

По неколкудневни одложувања во насока да се избегне американско вето, САД денеска соопштија дека се подготвени да гласаат.

Хамас врши притисок врз Израел целосно да ја прекине војната, но без никаква гаранција дека групата ќе престане со своите вооружени акции.

Затоа, израелската влада не сака да престане да се бори додека не почувствува дека целосно ја деградирала способноста на Хамас.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе