Култура

Промовирана „ Етика“ од Станиславски

Под наслов „ Етика“, за првпат на македонски јазик се преведени и објавени во една книга , два есеи од познатиот руски театарски уметник и педагог, Константин Сергеевич Станиславски. Книгата зборува за потребата од етика, но не само во театарот, каде за создавање вистинско уметничко дело таа треба да е нераскинливо врзана со естетиката, но и во општеството, воопшто. Книгата е во издание на театарот Комедија, кому ова му е нова театарска објава по 6 години.

Мислете повеќе на другите, а помалку на себе си. Грижете се за заедничкото расположение и тогаш и вам ќе ви биде добро. Ова го запишал прочиениот руски актер, режисер и педагог, Константин Сергеевич Станиславски, 1933 година во неговиот есеј „ Етика“. Тој денеска беше промовиран како дел од книгата , во која се наоѓа и есејот од 1928 „ Уметноста на глумецот и на режисерот“ од Станиславски. Ова е втора книга во издание на театарот Комедија во последниве 6 години. Посветена е на творечката мисла на Станиславски, кој го сметал театарот за уметност од општествено значење. Извадоци од неа читаше нејзиниот уредник и директор на театарот Комедија.

  • Мислете повеќе на другите, а помалку на себе си. Грижете се за заедничкото расположение и за општите работи и тогаш и вам ќе ви биде добро. Ако секој од тие триста луѓе од театарскиот колектив носи бодри чувства во театарот, тоа ќе го излекува дури и најмрачниот меланхолик, гласи еден извадок од книгата што го прочита нејзиниот уредник , Дарко Спасов.

Станиславски кој ја создал теоријата на глумата , позната како „ Системот на Станиславски“, сметал дека за вистинско уметничко дело е потребен спој на етиката и естетиката. Но , етичките вредности што ги застапувал се однесуваат на целото општество, во кое актерот според Станиславски има улога на просветител.

  • Ова е мотивација да ги читаме. Ама не само глумецот, не само режисерот. Сите, сите , од почеток до крај, рече Спасов .

Преводот на изданието од самиздатот на Радослав Лазиќ го направи Наташа Атанасова, а предговорот е на Деспина Ангеловска.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе