Вести Свет

Турканици за вода, храна, брашно – помошта во Газа се дели во придружба на вооружени лица на Хамас

Трчање и турканици за вода, храна, брашно. Штом камионот со помош го мине граничкиот премин Рафа и влезе на палестинска територија, и деца и возрасни се впуштаат по неопходните артикти за преживување. Дотурот се врши во придружба на вооружени припадници на Хамас, како што беше случај и претпладнево.

Ситуацијата во Газа станува неподнослива за нив, па вина, освен во Израел, посочуваат и во Хамас. Од борците на милитантната група очекуваат да се предадат за лудилото во кое западнаа да заврши, како и долгогодишните деструктивни процеси, за, конечно, регионот да влезе во мирен период.

Кан Јунис, град на југот на Појасот Газа, е новото жариште во борбите меѓу Израел и Хамас. Судирите добиваат на интензитет, а двете страни потврдуваат дека се герилски – лице в лице и улица по улица. На цивилите им е наредено да го напуштат центарот на градот и да се упатат кон т.н. „сигурни зони“ кои се далеку од такви за нив, без неопходната инфраструктра за така голем број на луѓе на мал простор. Луѓето ги минуваат деновите под отворено небо, покрај патишта, без доволно храна, вода додека болниците едвај функционираат без ресурси.

Израелската влада е под се поголем притисок од семејствата на заложниците кои останаа во рацете на Хамас, по прекинот на седумдневното примирје. Израелската војска потврди дека неколку милитанти на Хамас се предале во изминатите неколку дена. Според премиерот Нетанјаху, тоа претставува „почеток на крајот на Хамас“, дополнително  го покажува неуспехот на Хамас и неговата борба против Израел. Уапсените се задржани на распит од страна на израелските разузнавачки служби.

Во меѓувреме, Катар продолжува со дипломатската офанзива за ослободување на уште изралески заложници, но премиерот на земјата, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани вели дека „за жал не постои иста подготвеност како во изминатите недели“. Хамас преку соопштение предупреди дека ниту еден од останатите 138 израелски заложници нема да излезе жив од Газа, сè додека не им се исполнат барањата и продолжат преговорите.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе