Вести Свет Топ вести

Кревкото примирје во Газа и натаму во сила – денеска се очекува трета трампа на заложници за затвореници

Деветгодишната Емили, за која се веруваше дека е мртва, и 12-годишната Хила се повторно на слобода и со нивните семејства. Двете девојчиња беа меѓу 13-те заложници кои ги ослободи Хамас во вториот ден од примирјето со Израел. Според медицински лица, сите се наоѓаат во добра здравствена состојба, но ќе останат под медицински надзор, до враќање во нивните домови.

Во изминатите два дена Хамас ослободи 26 израелски заложници, а Израел за возврати со пуштање на 78 палестински затвореници. Нова размена на заложници за затвореници е најавена за денеска, меѓутоа нејасно е кога точно би можела да се случи. Во меѓувреме, Хамас пушти и 14 заложници од Тајланд и еден Филкипинец, во рамки на посебниот договор со египетската влада.

Паралелно со размената на заложници и затвореници, во Газа влегуваат хуманитарни конвои со камиони, доставувајќи храна лекови и гориво. Жителите го користат четиридневното затишје во редици за хуманитарна помош, во потрага по најблиските и посетувајќи ги домовите или барем она што остана од нивните родни огништа.

Договорот меѓу Израел и Хамас подразбира четиридневен прекин на борбите. Во тој период, палестинската милитантна група се согласи да пушти 50 од 240 заложници кои ги киднапира за време на изненадувачкиот напад на 7 октомври, а Израел да ослободи 150 Палестинци од затворите. Постои можност за продолжување на примирјето за што Хамас треба да ослободува по 10 заложници за еден ден без борби.

Од почетокот на изралеската воздушна кампања, која подоцна се прошири и на копнена офанзива, загинаа над 14.000 Палестинци, меѓу кои повеќе илјади деца и жени, соопштија палестински извори под управа на Хамас. Во Израел, пак, при нападот на 7 октомври беа убиени 1.200 луѓе, а 240 однесени во заложништво за што премиерот Бенјамин Нетанјаху вети „целосна победа“ над Хамас.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе