Вести Свет Топ вести

Европските конзервативци со обвинување кон левичарите за двојни стандарди за владеење на правото

Конзервативните политички групации во Европскиот парламент ги обвинија левичарските групи Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД), Зелените и Левицата дека имаат двојни стандарди околу принципите на владеењето на правото со тоа што се критички настроени кон Унгарија и Полска, а не реагираат на „контроверзните договори“ на Владата на Шпанија со сепаратистичките партии.

„Социјалистите и левицата го загубија целиот кредибилитет да го бранат владеењето на правото на европско ниво со таквото однесување. Левицата молчи, но Европа не“, изјави претседателот на десноцентристичката Европска народна партија (ЕПП), Манфред Вебер.

Европратеникот од редовите на шпанската конзервативно-либерална партија Граѓани (Ц’с), Адријан Васкез изјави дека не му е јасно што се случило со социјалистите со кои досега заедно го бранел „владеењето на правото во Полска и на други места“.

„Што се случи, што е различно, што се смени? Како не можеме да го одбраниме она што го браневме пред 12 недели и да го кренеме гласот?“, истакна Васкез, чија партија е во опозиција во Шпанија.

Европските конзервативци му забележуваат на Санчез за постигнатите договори со каталонските и баскиските сепаратистички партии, во замена за нивна поддршка во Парламентот за избор на неговата малцинска Влада. Договорите предвидува усвојување на закон за амнестија, со кој би биле опфатени каталонските политичари обвинети за организација на референдумот за отцепување на Каталонија од Шпанија, како и можност за формирање на парламентарни комисии, кои би го истражувале „спроведувањето на законот“ од страна на судиите.

Според претставниците на конзервативните политички групации, ваквите законски интервенции имаат елементи на непочитување на принципите на владеењето на правото.

Од друга страна, Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) оцени дека шпанскиот закон за амнестија е во согласност со Уставот на Шпанија, Договорите за формирање на ЕУ и одлуките од Судот на правдата на ЕУ и Европскиот суд за човекови права.

Според СД, амнестиите не се никаква новост, тие се присутни како можност во уставите на неколку земји членки на ЕУ и тој инструмент постојано се користи во последните децении.

Европската комисија веќе побара информации од шпанската Влада во однос на овие закони, кои властите во Мадрид ги доставија до Брисел.

Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс изјави дека Комисијата врши „многу внимателни, независни и објективни анализи“ за да утврди дали шпанскиот закон за амнестија е во согласност со правото на ЕУ, но нагласи и дека Каталонија е „внатрешна работа“ на Шпанија.

– Дебатата и анализата на законот за амнестија мора да се одвиваат во Шпанија, во шпанската уставна рамка, и мора да започнат во шпанскиот Парламент, истакна Рејндерс, кој доаѓа од редовите на либералното белгиско франкофонско Реформско движење (МР).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе