Вести Свет Топ вести

Нетанјаху: Се надевам на добри вести во врска со заложниците

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се состана со резервистите од бригадата Голани и рече дека се надева дека „наскоро ќе има добри вести“ за заложниците земени од Хамас.

  • Во моментов се фокусираме на многу силна и проактивна одбрана на север со цел да постигнеме уникатна победа на југ. Првата цел, елиминацијата на Хамас, не запира додека не се заврши. Втора цел, враќање на киднапираните – напредуваме. Мислам дека не треба да зборувам премногу, ниту во овој момент, но се надевам дека наскоро ќе има добри вести. Трета цел е да се осигура дека она што се случи во Газа нема да се повтори. И велам, сакаме да ја вратиме безбедноста и ќе дејствуваме за да постигнеме враќање на безбедноста и на југ и на север, изјави Нетанјаху пред војниците.

Изјавата на Нетанјаху доаѓа откако високи претставници на Хамас денеска исто така изјавија дека наскоро може да се постигне договор со кој милитантната група ќе ослободи заложници, а Израел ќе ги ослободи палестинските затвореници.

Израел, Соединетите Американски Држави и Катар, кој посредува со Хамас, со недели преговараа за ослободување на заложниците што ќе биде поврзано со привремен прекин на огнот во Газа и влез на поголема хуманитарна помош.

Меѓународната заедница најмногу му забележува на Израел бидејќи не ги почитува предлог резолуциите на ОН за привремен прекин на огнот со цел да влезе хуманитарната помош и да се спасат цивилите.

Во меѓувреме, израелската армија ги проширува своите операции низ северниот дел на Газа, каде што во вторникот се бореше со палестинските милитанти во густо населениот бегалски камп Џабалија, најголемиот на територијата.

Во рацете на Хамас се повеќе од 240 израелски заложници кои ги заробија за време на нивниот смртоносен напад на 7 октомври врз јужен Израел, во кој исто така убија околу 1.200 луѓе, повеќето од нив цивили.

Во седмата недела од војната убиени се над 12.700 Палестинци – две третини од нив жени и малолетници. Околу 4.000 луѓе се водат како исчезнати, велат податоците на палестинските здравствени власти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе