Вести Свет Топ вести

Израел и Хамас „многу блиску“ до договор

Петдневна пауза од борбите, во тој рок, 50 заложници, Израелци, да бидат ослободени од Хамас, односно по околу 12 на дневно ниво, израелски официјален претставник соопшти детали од договорот меѓу Израел и Хамас. Тој рече дека дека сите безбедносни служби на Израел, и војската и разузнавачите, се согласно со предложениот договор. Официјалниот претставник исто така рече дека покрај тоа, можеби Хамас ќе ги ослободи Тајланѓаните еднострано, па бројката ќе достигне 80 луѓе. Предходно неименувани американски функционери откри дека неофицијално условите се поставени на следниот начин, Хамас ќе ослободи 50 заложници, главно жени и деца, во замена за ослободување на 150 палестински затвореници.

Во втората фаза, Хамас би можел да ослободи уште 50 израелски жени, деца и постари лица, во замена Израел да го продолжи примирјето за уште неколку дена. Израел, исто така, би ги ослободил палестинските затвореници во ист сооднос 3:1 со бројот на ослободени заложници.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се состанува со неговиот воен кабинет, а ќе се има средба и со неговиот совет за безбедност, како и со владиниот кабинет. По што ќе треба да се донесе одлука за потпишување на договорот. И високи претставници на Хамас велат дека наскоро може да биде постигнат договор за која Израел, САД и Катар, кој посредува со Хамас, разговараат со недели.

Надоврзувајќи се на ова американскиот претседател Џо Бајден пред малку рече дека е „многу блиску“ договорот со Хамас.

  • Сега сме многу блиску, многу блиску и може многу брзо да донесеме некои од овие заложници дома. Но, јас Не сакам да навлегувам во деталите за нештата затоа што ништо не е направено додека не се заврши. А кога ќе имаме повеќе да кажеме, ќе го направиме. Но работите изгледаат добро во моментов- Џо Бајден, претседател на САД.

Договорот ќе ја отвори вратата за влез на поголема хуманитарна помош. Обединетите нации соопштија дека подготвуваат план за дистрибуција на помош во Газа откако ќе се постигне прекин на огнот.

  • Значи, ние работиме со страните на крајот за да се осигураме дека можеме да добиеме помош веднаш штом ќе дојде до прекин на непријателствата на теренот- Фархан Хак, заменик портпарол на генералниот секретар на ОН.

Европската унија соопшти дека ќе продолжи да обезбедува финансиска помош за Палестинците, бидејќи истрагата покажала дека не се пренасочени пари за милитантната група Хамас. Сумата од речиси 1,2 милијарди евра е наменета за 2021-2024 година. Земјите на ЕУ долго време се поделени по ова прашање, па некои земји еднострано ја прекинаа помошта.

  • Прегледот не најде индикации дека парите на ЕУ директно или индиректно оделе во корист на терористичката организација Хамас. Прегледот покажа дека функционира системот за контрола- Валдис Домбровскис, извршен потпретседател на Европската комисија.

Десетици повредени лица пристигнаа во болницата Насер во Кан Јунис, откако побегнаа од северна Газа. Војната нанесе голема штета на палестинските цивили, особено оние кои останаа на северот откако Израел постојано ги повика луѓето да бегаат на југ. Хамас вели дека бројот на загинати во Газа надминува 14.000, меѓу нив 5.800 се деца. Во јужен Либан денеска загинаа уште двајца новинари. Веста за смртта на вработен во СЗО дојде истиот ден кога ОН соопштија дека 108 нивни вработени биле убиени во Газа, мнозинството заедно со нивните семејства.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе