Вести Свет Топ вести

Хамас да ослободи 50 заложници, во замена за ослободување на 150 палестински затвореници, објавени делови од договорот меѓу Израел и Хамас

Израелски официјален претставник изјави дека 50-те заложници ќе бидат ослободени во текот на четири дена, односно околу 12 на дневно ниво.

Високиот израелски функционер вели дека сите безбедносни тела на Израел, како и војската и разузнавачките служби, се за предложениот договор – откако го отфрлија претходниот договор со посредство на Катар.

Официјалниот претставник исто така вели: „Покрај тоа, можеби Хамас ќе ги ослободи Тајланѓаните еднострано, па бројката ќе достигне 80 луѓе“.

Министерството за надворешни работи на Тајланд соопшти дека 25 нејзини граѓани биле фатени за време на нападите на Хамас на 7 октомври.

Се претпоставува дека има околу 240 луѓе кои се држени како заложници од Хамас.

Предходно неименувани американски функционери за агенцијата Ројтерс и за американската мрежа NBC откри што содржи договорот меѓу Израел и Хамас.

Неофицијално условите се поставени на следниот начин, Хамас ќе ослободи 50 заложници, главно жени и деца, во замена за ослободување на 150 палестински затвореници.

Во моментов, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се состанува со неговиот воен кабинет, а ќе се има средба и со неговиот совет за безбедност, како и со владиниот кабинет подоцна вечерва.

Надоврзувајќи се на ова американскиот претседател Џо Бајден пред малку рече дека е „многу блиску“ договорот со Хамас. „Работиме на ова интензивно со недели како што сите знаете“, им рече тој на новинарите во Вашингтон. Тој додаде: „Сега сме многу блиску, многу блиску“. Бајден рече: „Можеме да донесеме некои од овие заложници многу наскоро“. Тој предупреди дека „ништо не е направено додека не се направи“, но повтори дека „работите изгледаат добро во моментот“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе