Вести Свет Топ вести

Бајден по телефон побарал од Нетанјаху да се согласи на тридневна пауза од војната

Американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетањаху синоќа имале телефонски разговор.

Белата куќа соопшти дека двајцата лидери „разговарале за можноста за тактички паузи“. Според информациите кои ги објави Аксиос предлогот за кој се разговарало меѓу САД, Израел и Катар предвидува Хамас да ослободи 10-15 заложници.

Тие, исто така, ќе ја искористат тридневната пауза за да го потврдат идентитетот на сите заложници и да достават список со имињата на луѓето што ги чуваат.

Но Нетанјаху истакнал дека не верува во намерите на Хамас и дека не верува дека тие се подготвени да се согласат на договор за заложниците. Портпаролот на израелските воени сили Даниел Хагари пак доцна синоќа порача дека нема да има прекин на огнот.

Белата куќа соопшти дека претседателот Џо Бајден не поддржува израелска окупација на Појасот Газа по завршувањето на војната, нагласувајќи го ставот на администрацијата еден ден откако премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел ќе има улога во појасот за „неопределен период“.

Сметаме дека треба да има здрав сет на разговори за тоа како ќе изгледа Газа по конфликтот и како ќе изгледа владеењето.

Она за што апсолутно се согласуваме со нашите израелски колеги е како тоа не може да изгледа, а тоа е дека не треба да изгледа како што изгледаше до сега, порача портпаролот Џон Кирби.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе