Вести Свет

Абортусот станува централно прашање на американската политичка сцена

Абортусот забрзано станува централна тема на престојните претседателски избори идната година во САД. Уште една потврда за тоа е што синоќа гласачите во Охајо поддржаа амандман кој го гарантира правото на абортус.

Охајо беше само еден пример, иако очигледен, но прашањето за абортусот, кое од минатата година започна да го привлекува вниманието на јавноста и политичарите откако Врховниот суд го укина правото на абортус на федерално ниво, беше користено во многу од кампањите на кандидатите за гувернери, сенатори, претставници и судии во речиси сите сојузни држави каде што се одржуваа избори. Дел од американската јавност синоќешниот успех на про-абортус активистите и политичарите во Охајо, и останатите држави, го гледаат како литмус тест за тоа дали ова прашање може да се донесе успех и на претседателските избори идната година.

Многумина во САД сметаат дека поделбата за и против абортусот оди според партиска линија, односно Демократите го поддржуваат ова право, додека пак Републиканците се против. Но, случајот со Охајо нуди дополнителни нијанси на ова гледиште. Покрај демократите, за абортус гласале дури еден од пет републиканци во Охајо, покажуваат бројките.

Примери за употребата на абортусот како централна тема во изборната кампања доаѓаат од сојузните држави Кентаки и Мисисипи и кои посочуваат дека тоа може да биде добитна тема на претседателските избори. Додека во Кентаки, гувернерот Енди Бешир ставајќи тежок акцент на неговиот про-абортус став успеа да добие резибор, во Мисисипи, демократскиот кандидат Брендон Присли, роднина на музичката инока Елвис Присли, со својата анти-абортус кампања си нанесе сериозна штета на своите шанси за избор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мирен изборен ден во Центар и Чаир

Дејан Дејан

Самхарадзе: Следиме дали гласањето се одвива согласно стандардите на ОБСЕ

Дејан Дејан

ДИК: До 11 часот за претседателските избори гласале 12,87 отсто, за парламентарни 13,69

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе