Вести Македонија

(живо)Селими во Топ Тема: Јас сум загрижен за Меџити, бидејќи Беса и Алијанса веќе беа дел од владата

Беса на Ксами, Алтернатива на Гаши  и Демократско движење на Меџити викендот ја објавија коалицијата за заеднички настап на претстојните избор. Како ќе функционира овој сојуз?

„Двете партии беа во една, па тоа секоја си фати свој пат, една едната беше во влада па другата и цело време беа во некоја жестока конфронтација, а Меџити како познат политичар до вчера беше дел од ДУИ и ја предводеше најжестоката фракција внатре во ДУИ се додека не формираше нова политичка партија. Како ќе функционира не знам и не можам да предвидам поради однесувањето ан Беса и Алтернатива кој своите поранешни партнери. Алтернатива кон Алијанса за Албанците, која долго преживеа на политичката сцена токму поради Алијанса, и ја изневерија во најтешкиот момент и на крај ја спасија оваа влада за потоа да бидат заменети со Алијанса за Албанците. Движењњето Беса стапи во предизборна комисија со СДСМ во 2020 една политичка партија да има предизборна коалицијата со една македонска партија, за потоа да отстапат од влада. Дали овие две политички партии ќе му бидат поткрепа на Меџити или не го напуштата кога најмногу ќе му бидат потребни. Губење на избори кај албанскиот блок, бидејќи де фокусираат само кон Али Ахмети и ДУИ без да се креира нова надеж за Албанците и поинакви очекувања од однесувањето на досегашните политички партии. Претседателските нема да се одржат заедно со парламентарните и тоа ќе им даде време да се консолидираат внатре и да креираат нови понуди“, вели Сефер Селими, аналитичар.

„Ќе имаат време да се консолидираат и да видат дали имаат иста рамка и слично, пред нив е многу работа и треба да ни докажат дека се искрени во намерите и да ги следиме нивните наредни чекори“, вели Мефо Исмаили новинар.

Меџити рече дека ако има дилеми во спојувањето на овие три партии во Движење на европски промени, па во другиот блок заедно се Мендух Тачи и Зијадин Села и Кренер Лога и Арбен Таравари, исто така и во ДУИ има многу стриу внатре и големо е незадоволството.

„Која е идејата на нашето спојување? Од 2011 до сега, тие 60% граѓани што излегуваат на избори гласаат опозициски и тука не се работи за способноста на ДУИ, ниту до граѓание кои гласаат за промена, проблемот беше во албанската опозиција. Ние не се тепаме со ДУИ, после 20 години тие нема што да понудат“, дециден е Меџити.

Топ Тема е во тек можете да ја следите на линкот подолу

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе