Вести Свет Топ вести

Галант ја опиша Газа како најголема терористичка база во човештвото

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во телевизиско обраќање до нацијата изјави дека Газа е опколена. Според него, израелските сили делуваат во срцето на градот, досега уништиле бројни подземни тунели на Хамас и го продлабочуваат притисокот врз палестинската милитантна група. Tој додаде дека ќе нема примирје или испорака на гориво за Појасот, се додека не бидат ослободени заложниците, но и дека Хелзболах полека се вклучува во војната за што ја предупреди проиранската организација да не ја прави грешката на Хамас.

Дека израелските единици делуваат во срцето на Газа потврди и министерот за одбрана, Јоан Галант кој го опиша градот како најголема терористичка база што е направена во човештвото. И тој ја отфрли можноста за хуманитарен прекин на огнот без ослободување на 240-те заложници кои ги држи Хамас. Галант истакна дека лидерот на палестинската милитантна група, Јахја Синвар е опколен во својот бункер и е отсечен во комуникацијата со неговите соработници.

Денеска е ден на жалост во Израел. Со палење на свеќи, положување на цвеќе за загинатите цивили и војници и низа меморијални настани во Тел Авив и во Ерусалим, Израелците денеска одбележуваат еден месец од крвавиот напад на Хамас во кој загинаа 1.400 луѓе, а над 240 беа земени како заложници во Газа. Според податоци на Обединетите нации (ОН), пак, воздушните напади на израелските сили и, особено, копнената офанзива се раселени околу еден и пол луѓе низ Газа, 10.000 се убиени од кои 40 отсто се деца.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе