Вести Свет Топ вести

(видео)Израел бомбардира цели во близина на билницата Ал Кудс каде се сместени над 14 илјади раселени лица

Израелската армија го прошири опсегот на делување во Газа и навлезе во северните квартови каде се водат битки гради в гради во густо населената област. Поддржана со бомбардирања од воздух детално врши уништување на зацртаните цели за кои тврди дека се упоришта на Хамас.

САД предупредија дека се големи шансите војната да се прошири и ескалира и во соседните држави на Блискиот исток.

По повеќедневна блокада на областа и секојдневните бомбардирања жителите во очај. Илјадници палестинци во Газа насилно влегоа во складиштата за храна и лекови што пак според ОН е „загрижувачки знак дека граѓанскиот поредок почнува да се урива“.

Ситуацијата во Газа од час во час станува се поочајна. Жалам што наместо критички потребната хуманитарна пауза поддржана од меѓународната заедница, Израел ги интензивираше своите воени операции. Бројот на цивили кои се убиени и повредени е тотално неприфатлив.

Палестинската Црвена полумесечина пак соопшти дека израелската војска бомбардирала неколкупати во близина на нивната болница во центарот на Газа, предизвикувајќи штета и ставајќи ги во опасност цивилите и пациентите. Тврди дека Израелската Армија намерно продолжува да лансира ракети директно во близина на болницата Ал Кудс со цел да го принуди медицинскиот персонал, раселените лица и пациентите да ја евакуираат болницата додавајќи дека таму во моментов се засолнети 14 илјади цивили.

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан во неделата го посети преминот Рафа меѓу Египет и Газа и рече дека ова се најтрагичните денови.

Тие се дел од нас, ние сме дел од нив и треба да се погрижиме законот да биде на првите борбени линии и да се види законот, да го спречиме страдањето на многумина што во овој момент живеат во терор, кои се исплашени и имаат право да бидат заштитени од институциите изградени по Втората светска војна и подеднакво имаат право на заштита според меѓународното право. И мојата канцеларија е решена да се погрижи да ги загарантираме тие права секаде каде што е можно и секаде каде што имаме јурисдикција.

Канцеларијата на Кан отвори истраги за потенцијални воени злосторства од страна на Израел во Газа во војната во 2014 година, како и за злосторствата извршени во Израел на 7-ми октомври.

Израелската армија нападна цели и во јужен Либан откако претгодно од регионот биле истрелани неколку ракети кон централен Израел.

Еврејската држава ги евакуираше сите свои заедници во близина на Либан, сместувајќи ги жителите во хотели на други места во земјата. Либанската милитантна група Хезболах, која има огромен арсенал на ракети со долг дострел, навести дека може да се приклучи на војната доколку Израел се обиде да го уништи Хамас.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе