Вести Свет

Макрон мобилизира 7.000 војници по исламистичкиот терористички нападот во Арас

Францускиот претседател Емануел Макрон нареди мобилизација на 7.000 војници за да се засилат безбедносните патроли во земјата, соопшти денеска Елисејската палата, еден ден откако 20-годишен исламски екстремист од градот Арас , во северна Франција, избоде до смрт локален наставник во средно училиште.

Британските медиуми наведуваат дека Франција прогласи највисоко ниво на безбедносна тревога по вчерашниот напад.

Елисејската палата соопшти дека воената мобилизација ќе се спроведува до понеделник вечер и ќе важи во следниот период, што ќе биде проследен со редовни патроли во главните градски центри и популарни туристички места.

Кабинетот на францускиот претседател потврди дека француските безбедносни сили спречиле нов „обид за напад“ во друг регион, без да прецизираат во кој регион.

„Училиштето во Арас беше цел на варварски исламистички тероризам“, изјави вчера Макрон по посетата на училиштето, додавајќи дека жртвата со неговата храброст „најверојатно спасила многу животи“ во обидот да го блокира напаѓачот, јави порталот Франс 24.

Полицијата го уапси осомничениот напаѓач, Мохамад Могучков, по потекло од Чеченија, република на Руската Федерација лоцирана во претежно муслиманскиот регион на Јужен Кавказ.

Тој веќе бил регистриран во регистарот за национална безбедност на Франција, означен како потенцијална безбедносна закана и под електронски и физички надзор од француската служба за внатрешна безбедност DGSI, објавија француските медиуми.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен синоќа изјави дека нападот во Арас е поврзан со настаните на Блискиот Исток, каде Израел води воена офанзива против Хамас.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поништен е тендерот за прскање против комарци во Скопје, прескокнат е терминот за прскање за ларви, а комарците веќе се намножија

Дејан Дејан

Неоправдано и без основа е зголемувањето на цените на автомобилското осигурување, одлучи АСО

Дејан Дејан

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе