Вести Свет Топ вести

Убиен новинар на Ројтерс, повредени двајца на Ал Џазира – израелски напад врз јужен Либан

Новинар на „Ројтерс“ е убиен, а шест други луѓе се ранети во израелско гранатирање на јужен Либан, изјавуваат сведоци. Проектилот паднал меѓу група на меѓународни новинари кои ги следат и известуваат на воените дејствија на границата, објави Асошиејтед Прес.

Дел од повредени се итно пренесени во болница. До гранатирањето дојде за време на размена на оган долж либанско-израелската граница, меѓу израелските сили и припадници на либанската милитантна група Хезболах.

„Ројтерс“ јави дека во нападот е убиен нивниот новинар Исам Абдала. Ал Џазира објави дека се ранети двајца нејзини вработени – Ели Бракја и репортерката Кармен Јоукхадар.

„Длабоко сме ожалостени со веста за смртта на нашиот новинар и снимател, Исам Абдала“, се вели во соопштението на „Ројтерс“.

Новинарите на „Ројтерс“, Таер ал-Судани Махер Назех, исто така, се здобиле со повреди и побарале медицинска помош.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес од 4,1 степени во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

(ФОТО) Една година по масакрот во „Рибникар“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе