Вести Свет Топ вести

Нетанјаху – Ова е само почеток

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека она што ќе го доживее Хамас, ќе биде тешко и ужасно. Тој вели дека ова е само почеток.

Нетенјаху на властите во јужен Израел им порача да останат јаки, оти како што вели, „ќе го промениме Блискиот исток“.

„Знам дека поминавте низ тешки, ужасни работи. Она низ што ќе помине Хамас ќе биде тешко и страшно – ние веќе сме среде битка, а само што започнавме“, рече Нетанјаху, се наведува во соопштението од неговиот кабинет.

Израелскиот премиер разговараше со градоначалниците на градовите на јужната граница на Израел, кои беа цел на ненадејниот напад, кој започна во саботата, се вели во соопштението.

Палестинските милитанти во саботата на 7 октомври започнаа голем напад на Израел, по кој израелски воени авиони извршија напади врз цели на Хамас, во Појасот Газа.

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека тој и францускиот претседател Емануел Макрон ќе разговараат за ситуацијата во Израел со американскиот претседателот Џо Бајден и со британскиот премиер Риши Сунак, подоцна денеска.

И министрите за надворешни работи на земјите-членки на Арапската лига закажаа состанок за како што велат, „да се запре израелската агресија“ врз Појасот Газа. Состанокот е закажан за 11 октомври во Каиро. Вонредната седница ќе се одржи на барање на Палестинците.

Арапска лига со седиште во Каиро, е регионална организација на арапските земји од Блискиот Исток и северна Африка. Организацијата е формирана во 1945 година и денес има брои 22 членки. Главна цел е да се координира нивната соработка, да се обезбеди независноста и суверенитетот, и генерално да се координираат работите и интересите на арапските земји.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе