Вести Свет Топ вести

Ерменците од Нагорно Карабах стравуваат за својата иднина

Ерменците во Нагорно Карабах се сомневаат во азербејџанските убедувања дека ќе бидат интегрирани во азербејџанското општество со загарантирани етнички и религиозни права. Многумина од нив очекуваат присилно да бидат иселени од регионот, врз кој Азербејџан благодарение на финансираната од извозот на нафта воена моќ, ја врати контролата по 24 часовна жестока офанзива, која ги натера локалните власти да се согласат на примирје и разоружување на паравоените формации.

Локалните сили никогаш не беа доволно моќни. Азербејџанската армија е многу подобро подготвена, многу подобро опремена. Имаат и подобри воени позиции исто така. Затоа, очигледно беше дека каква и да било воена операција во регионот ќе заврши со пораз на локалните Ерменци, Олесја Вартанјан ,aналитичар за Јужно кавкаскиот регион во Кризната група.

Пред офанзивата Азербејџан се погрижи да го „омекне“ отпорот блокирајќи го единствениот влез во регионот, Лачинскиот коридор, во пракса отсекувајќи го регионот од остатокот од светот. Ерменците во Нагорно Карабах по цела година без доволно храна, лекови и средства за хигиена, не спомнувајќи ги ограничените воени залихи, немаа доволно ентузијазам за уште еден продолжен конфликт. По прогласувањето на примирјето жителите на Степанакерт деновите ги поминуваат засолнувајќи се во визби и скривници, приготвувајќи сиромашни оброци на отворено.

Ерменците поминаа низ војна, блокада, глад. Ова не е во ред. Ерменците во Ерменија и низ целиот свет требаше да им помогнат на Ерменците во Нагорно Карабах, вели една жителка на Степанакерт.

Eрменскиот премиер, кој многумина го обвинуваат за катастрофата во Нагорно Карабах, порача дека Ерменија е подготвена да прифати 40.000 семејства од регионот.

Република Ерменија е поготвена да прифати околу 40.000 семејства. Но не сакаме да зборуваме за тоа. Зошто? Сакам да бидам многу искрен и јасен, бидејќи мислиме дека Ерменците во нагорно Карабах треба да живеат во своите домови, на својата земја во пристојни и безбедни услови, изјави премиерот Никол Пашинијан.

Многумина не сакаат да заминат, особено што од почетокот на конфликотот пред 40 години повеќето семејства положиле жртви за нивната самостојност. Тие што имаат намера да останат очекуваат да бидат подложени на долга и болна асимилација, но безбедносните и политички експерти се уверени дека ова нема да биде случај. Баку, како никогаш порано, изминативе години води сметка за својот имиџ на западот а во моментов преголем дел од светското внимание е насочено токму кон овој регион, и понатамошните чекори кои Азербејџан ќе ги преземе.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе