Вести Свет

Експлозија на Крим, Москва вели дека е погодено седиштето на Црноморската флота

Силна експлозија денеска одекна низ Севастопол, најголемиот град на украинскиот полуостров Крим, кој во 2014 година беше анектиран од Русија. Воедно, тој е и најголемото пристаниште, каде е сместено седиштето на руската Црноморска флота.

Москва го потврди нападот. Седиштето на руската Црноморска флота во Севастопол беше изложено на ракетен напад, изјави денеска прорускиот гувернер Михаил Развозаев.

Непријателот изврши ракетен напад врз штабот на флотата. Фрагмент падна во близина на театарот Луначарски… Сите оперативни служби излегоа на местото на инцидентот. Информациите за жртвите се собираат. Ве молиме да останете смирени. И не објавувајте фотографии и видеа, порача Развозаев на Телеграм.

По експлозијата избувнал пожар. Развозаев додаде дека е можен нов напад и ги повика граѓаните да го избегнуваат центарот на градот, каде што се наоѓа седиштето на Црноморската флота.

Пожарникарите се на терен, изјави прорускиот гувернер.

Локалните медиуми известуваат дека на улиците на пристанишниот град владее паника, а над Севастопол се издигна густ црн чад. – Ракетите ни прелетуваа над главите, а потоа се слушнаа силни експлозии, ги пренесуваат медиумите сведочењата на очевидци.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Димитровска: Оформени се 45 предмети во врска на изборите од денот на нивно распишување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе