Вести Македонија Топ вести

Бугарија носи закон за јавно објавување на имињата на сите Македонци кои добиле бугарски пасош

Јавно ќе бидат достапни имињата на сите Македонци кои изминативе две децении добиле бугарски пасош. Меѓу нив, како што тврди бугарскиот европратеник Андреј Ковачев има и политичари, и министри, и лидери на партии и новинари.

Објавувањето на регистарот ќе биде можно со измените на Законот за државјанство кои веќе поминаа во прво читање во бугарското собрание. Се предвидува јавна да биде и церемонијата за доделување државјанство.

Ковачев, кој е познат по анти-македонските ставови, на Фејсбук им честиташе на 180-те пратеници кои гласаа за законските измени, наведувајќи дека очекува измените брзо да бидат усвоени и во второ читање.

Така, овие над 120.000 македонски Бугари, меѓу кои и многу поранешни и сегашни политичари, пратеници, министри, градоначалници, раководители на служби, лидери на партии, сопственици на медиуми и телевизии, новинари, коментатори, како и нивните семејства ќе бидат јавно заштитени од говорот на омраза и дискриминација на македонските институции затоа што се чувствуваат како Бугари, напиша ковачев.

Инаку, издавањето бугарски државјанства е нерасчистена тема. Во 2018-та година, 22-ца државни службеници беа приведени под сомневање дека издавале фалсификувани уверенија за бугарско потекло, што е еден од условите за добивање бугарско државјанство.

Беше покренато обвинение против тогашниот претседател на државната Агенција за Бугарите во странство и други службеници, дека земале мито за издавање бугарски пасоши на луѓе кои не исполнувале услови за тоа.

Две години подоцна, во 2020-та година, тогашната министерка за правда Десислава Ахладова, објави дека за десет години, од 2010-та до 2020-та речиси 80 илјади македонски граѓани поднеле барање за државјанство врз основа на бугарско потекло.

Со измените кои сега се предлагаат, при поднесување барање за државјанство врз основа на бугарско потекло, ќе се укине условот предок на барателот да починал како бугарски државјанин.

На последниот попис во Македонија, како Бугари се изјаснија 3 504 луѓе, но само 762-ца од резидентното население рекле дека дома зборуваат бугарски јазик.

Марија Дивитарова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе