Вести Македонија

Арсовски во Вин Вин: Можеби Мицкоски е лут што главните преговори за уставните измени не се одвиваат со него?

Петар Арсовски е согласен дека власта ќе разговара со сите и со секој за да ги направи уставните измени, но смета дека Мицкоски доцна влегува во расправија со Груевски, посебно ако знаел подолго време дека власта преговара и со екс лидерот. За тоа дали е вистинскиот момент кој го избира Мицкоски за тоа да го прикаже во јавноста или пак е прерано, аналитичарот Арсовски вели дека не е прерано, ако изборите се на пролет, што би им дало време во партијата да ја расчистат ситуацијата.

  • Политичката цена ќе биде на краток рок, но на долг рок ќе има борба за превласт во ВМРО ДПМНЕ за тоа кој го има печатот, околу кое традиционално се консолидира членството. Но, она што мене ми е поинтересно е наративот кој го има во партијата дека „ние никогаш не сме разговарале за уставни измени“ – тоа не е така. Очигледно имало два процеса, еден кулминираше со Мицкоски кој по лидерската средба самиот кажа дека постојат услови под кои би ги поддржале уставните измени, и овој вториот кој сега се открива. Да не се налутил Мицкоски затоа што главните прегови не се одвиваат со него ?
  • Не е голема тајна дека власта преговараше и со Мицкоски за уставните измени, инаку не  можам да си објаснам зошто Мицкоски ако знаел за Груевски, не кажал толку долго време? , прашува Арсовски во Вин Вин.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе