Вести Свет Топ вести

Во истрагата за сообраќајната несреќа во Либија се вклучила и грчката служба за разузнавање

Министерствата за надворешни работи и национална одбрана на Грција започнале истрага за сообраќајната несреќа што се случи во Либија и животот го загубија петмина членови на грчкиот спасувачки тим, додека пак во истрагата се вклучила и Националната служба за разузнавање (ЕИП), објавија грчките медиуми.

Весникот „То вима“ пишува дека во оваа фаза ЕИП помага на ниво на обезбедување информации, додека пак телевизијата „Скај“ објави дека вклучувањето на службата во истрагата е по барање на надлежните министерства.

Засега, според официјалните соопштенија од надлежните грчки органи, станува збор за сообраќајна несреќа, а не за нешто друго.

Државната телевизија „ЕРТ“ објави дека експлозијата и големиот пожар што следеле по судирот, веројатно се поради модифицираниот резервоар и големото количество гориво во возилото што удри во автобусот на грчката хуманитарна мисија

Во ЕИП нагласуваат дека истрагата е сѐ уште во многу рана фаза и уште не може да се исклучи никаква можност, но и дека ваква е сликата што засега ја добиваат од нивните „извори“ од земјата, објави ЕРТ.

Грчките медиуми пишуваат дека постојат низа прашања за кои сѐ уште не постојат одговори, околу безбедносните мерки, точните околности под кои се случи сообраќајната несреќа и сл.

Во несреќата во Либија животот го загубија тројца припадници на грчката армија и двајца преведувачи, додека пак најмалку десет лица се повредени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе