Вести Македонија

Д-р Митов алармира за скандалозен прирачник – Бирото за развој на образованието најави ревизија

Прашалник за Животни вештини за средношколци со сомнителни делови, кои се несоодветни за возраста и патоказ на младите кон хомосексуалност. Доктор Александар Митов денеска на својот статус на Фејсбук ја шокираше јавноста, откако објави линк до прашалникот во кој тврди дека е одобрен од Бирото за развој на образованието.

Прирачникот од линкот се отвара и може да се видат спорните прашања на Митов , но на сајтот на бирото за развој на образованието овој прирачник не постои.

Од таму ги демантираат дезинформациите како што велат пласирани во јавноста, но не демантираат дека таков прирачник не постои.

„Имено, се работи за изготвен прирачник за наставници врз основа на наставна програма. Наставната програма е донесена од министерот за образование и наука, а Прирачникот е одобрен од директорот на Бирото за развој на образование и министерот за образование и наука во 2011 година“, велат од Бирото за развој на образованието.

Митов бара одговорност од Министерот Шаќири, од бирото за развој на образованието се правдаат дека прирачниците ги избираат наставниците кои имаат слободна волја да избираат содржини во наставната програма.

„Наставната програма не е задолжителна, односно наставниците во средните училишта имаат слобода да изберат кои содржини (и соодветно на тоа кои работни листови) ќе ги реализираат и во кој период од учебната година со цел да одговорат на потребите на адолесцентите. Наставната програма за Образование за животни вештини не се однесува на наставен предмет, туку може да се реализира на часот на класната заедница со учениците од прва до четврта година во сите видови средно образование (гимназиско образование, уметничко образование и средно стручно образование)“, велат од Бирото за развој на образованието.

Со новите реформи во средното образование овој прирачник ќе биде предмет на ревизија, велат од бирото за развој на образованието. Бурни реакции во јавноста имаше и неколку месеци пред крајот на учебната година кога во учебниците се најдоа податоци дека на исток нашата држава се граничи со Албанија, а на запад со Бугарија, како и  дека Бразил е соседна држава на САД, а не изостанаа ниту бројните јазични и печатни грешки. Од МОН уверуваа дека со нов Закон за учебници ќе се постават рокови за навремени и учебниците без грешки.

Прирачникот кој создаде бура реакции па дури и организирање на собири против него е објавен во 1972 година од Мартин Рошлин. Целта на Рошлин била хетеросексуалците да се стават на местото на хомосексуалците, за да ги разберат и да дознаат како е кога се соочуваат со прашања од секаков тип, а притоа тие да не бидат прифатени од општеството.

Бирото за развој во Образованието во денешното соопштение немаше конкретен одговор за првичната верзија на прирачникот, односно од кога постои правата верзија и кој е нејзин изведувач. Од бирото потенцираат дека имајќи ја предвид брзина со која што се шират сензационалистички вести и дезинформации, апелираа граѓаните да ги проверуваат сите информации, особено оние коишто не се официјално потврдени од надлежните институции.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе