Вести Свет Топ вести

Притворени капетанот и член на екипажот на траектот за смртта на патникот на пристаништето во Атина

Мерка притвор им е одредена на двајца од четворицата уапсени за смртта на патникот на траектот, кој минатиот вторник беше турнат во морето на атинското пристаниште во обид да се качи на бродот за Крит.

Притворени се капетанот и членот на екипажот кој е обвинет дека го истурка 36-годишен маж во морето.

Според грчките медиуми, членот на екипажот во исказот ја презел одговорноста за тоа што се случило, но не ја прифатил правната карактеристика на делото како убиство со можна умисла.

Рекол дека 36-годишниот стапнал на работ, се лизнал и паднал, сакал да скокне да му помогне, но бродот веќе се оддалечил и додал дека кога се вратил да земе средство за спасување, човекот веќе се удавил.

Капетанот на траектот, според истите информации, кој се товари за опасност во морскиот сообраќај и за изложување на смртна опасност, во исказот рекол дека постапил правилно согласно прописите кога бил информиран дека има лице во морето и ја известил крајбрежната стража.

Во вторникот вечерта 36-годишниот Андонис Кариотис го загуби животот откако во обид да се качи на траектот за Крит, на атинското пристаниште беше спречен од двајца членови од екипажот, а едниот од нив го истурка од бродот,  при што падна во морето и се удави.

Целиот случај беше обелоденет по објавеното видео од „Прото тема“, со оглед на тоа дека првично информациите беа дека маж го загубил животот откако паднал во морето во обид да се качи на траектот во движење на атинското пристаниште Пиреа.

На видеото се гледа дека мажот трча на траектот успева да се качи, но е спречен од двајца членови од екипажот, едниот од нив го турка од бродот и паѓа во морето, а траектот отпловува без да му се пружи никаква помош на 36-годишниот.

Обдукцијата покажа дека причината за смртта е давање во морска вода.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе