Вести Свет

Мароко не сака помош од Франција, но Париз не се откажува

Бројката на загинати во земјотресот во Мароко надмина 2.500 луѓе, а преживеаните трета ноќ по ред спијат на улиците. Уништени се мароканските градови уништени се бројни згради и домови.

По најсмртоносниот земјотрес во последните 60 години, Мароко прифати помош од Шпанија, Велика Британија, Катар и Обединетите Арапски Емирати. Сепак, Мароканците не побараа помош од Франција и покрај тоа што министрите во Париз изјавија дека се „подготвени да му помогнат на Мароко“.

Француската министерка за надворешни работи Катрин Колона изјави дека Мароко не одбил никаква помош или предлог и дека тоа не треба така да се интерпретира. Таа најави дека Франција ќе вети и пет милиони евра за невладините организации кои работат во Мароко.

„Политико“ пишува дека причина за ваквиот однос на Мароканците можеби е тоа што Франција пред две години го намали бројот на визи за жителите на оваа земја.

Француската влада во тоа време тврдеше дека Мароко, Алжир и Тунис не соработуваат во напорите за спречување на илегалната имиграција.

Покрај ова Мароко и Франција имаат ушт еден нерешен спор. Мароко сака Франција да и го признае нејзиниот суверенитет над Западна Сахара. Исто така Мароканците им замеруваат на Французите за подобрување на односите со Алжир, главниот ривал на Мароко и уште една поранешна колонија на Париз, пишува „Политико“.

Бројката на загинати од земјотресот во Мароко надмина 2.500, преживеаните трета ноќ спијат на улици

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кремљ: Испраќање војници на НАТО во Украина би било исклучително опасно

Дејан Дејан

Шимоните за „Фајненшл тајмс“: Литванија подготвена да испрати војници во Украина за обука

Дејан Дејан

ДИК: Излезноста се зголемува, поголема заинтересираност за Парламентарни отколку за Претседателските избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе