Вести Свет

Бројката на загинати од земјотресот во Мароко надмина 2.500, преживеаните трета ноќ спијат на улици

Снимките направени од воздух ја покажаа разорната моќ на земјотресот кој го погоди Мароко и кој зад себе остави огромни разурнувања. Европската помош е на пат, додека локалните жители имаат само лопати и со голи раце френетично копаат во потрагата по преживеани. Но, се што вадат се мртвите тела. Оние кои се спасија, немо стојат пред уништените домови..но за многумина од нив нема утеха.

„Копаме, наоѓаме и преживеани, и загинати, веќе се починати. Но има надеж. Спасив тројца тука, а 10 во другото село“, изјави Аир Саид Мохамед, преживеан од земјотресот. 

Најпогодена е областа Ал Хауз во планините Висок Атлас. Тука има и најмногу жртви. И додека преживеаните ги оплакуваат жртвите, земјата го погоди уште еден силен афтершок. Исплашени од постојаното тресење на тлото, луѓето трета ноќ по ред преспаа на улиците од главниот град Маракеш. Покриени се само со ќебињата кои успеале да ги земат на бегање, пред куќите да им се урнат. Се жалат дека помошта бавно пристигнува. Храна сè уште не добиле, а нов предизвик е и студот.

„Сите куќи се урнати. Сите луѓе можат да спијат само тука. Ова е трет ден, утре е четврти ден. Нема помош, никој не спие мирно, ништо, а ноќите се студени“, вели Асрир Абдесадек, жител на Маракеш кој спие на отворено. 

И покрај понудената меѓународна помош, од Америка и Франција, мароканските власти соопштија дека помош ќе прифатат само од четири држави: Шпанија, Катар, Велика Британија и Обединетите Арапски Емирати.

Локалните спасувачи и волонтерите, како и хуманитарците се во трка со времето. Но, тешката механизација е неможно да стигне толку бргу до најпогодените планински села, каде очајно се чека помош.

Бројката на загинати во катастрофалниот земјотрес е во постојан раст. Денеска надминува 2.500, но бавното распоредување на помошта не дава надеж дека нема да се зголемува. Дополнително, повредени се, речиси, три илјади, но и тука се стравува дека нема сите да се извлечат, затоа што половина од нив се во критична состојба.

Алиса Шакири Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе