Вести Свет

Голем пожар во Санкт Петербург, можен украински напад со беспилотни летала

На социјалните мрежи се споделуваат снимки од голем пожар во вториот најголем град во Русија, Санкт Петербург.

Црн чад го прекрило небото над градот, а руските служби јавуваат дека пожарот зафатил површина од 1.400 метри квадратни.

Причината за пожарот се уште не е позната.

Шефот на Главната управа за разузнавачки прашања на Министерството за одбрана на Украина, Кирило Буданов, вчера изјави дека е зголемен бројот на напади со беспилотни летала на руска територија и дека ваквите настани покажуваат дека војната во Украина постепено се префрла во Русија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес од 4,1 степени во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

(ФОТО) Една година по масакрот во „Рибникар“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе