Вести Свет

Алжирската крајбрежна стража уби двајца туристи на скутери кои од Мароко залутале во алжирски територијални води

Алжирската крајбрежна стража застрела двајца туристи кои летувале во Мароко, а кои наводно залутале во водите на Алжир со нивните скутери. Билал Киси и Абделали Мершуер, двајцата француски државјани, починаа во четвртокот откако несакајќи залутале во алжирските територијални води во близина на одморалиштето на плажата Саидија, на североисточниот брег на Мароко.

Двајцата несреќни скутерџии, наводно, решиле да пливаат до брегот откако останале без бензин во самрак. Едниот испливал на мароканска плажа, додека другиот бил уапсен од крајбрежната стража која патролирала затворената граница на двете држави,

Двете нации имаат долга историја на тензии, поврзани со претензиите на Мароко за спорната Западна Сахара.  Двете нации делат граница долга речиси 2.000 километри, што е извор на тензии од независноста од француската колонијална власт. Заедничката граница беше затворена во 1994 година од безбедносни причини, откако исламистичките милитанти извршија бомбашки напад врз хотел во историскиот марокански град Маракеш.

Пукањето предизвика гнев во Мароко, откако рибар објави снимка од безживотно тело кое плива во морето.

Мохамед Киси беше единствениот од групата четворица што се врати во Мароко, пренесува новинската агенција АФП, цитирајќи ги мароканските медиуми. „Се изгубивме, но продолживме додека не се најдовме во Алжир“, рече г-дин Киси, чиј брат Билал беше убиен. Тој рече дека групата исто така останала без гориво.

„Знаевме дека сме во Алжир бидејќи кон нас дојде црн алжирски гумен чамец“, а оние што беа на бродот „пукаа кон нас“, рече тој. „Фала му на Бога, не бев погоден, но го убија мојот брат и мојот пријател“, додаде тој.

Киси рече дека потоа се обидел да плива назад во Саидија и на крајот бил фатен од мароканската морнарица.

Портпаролот на мароканската влада одби да го коментира пукањето, велејќи за АФП дека тоа е „прашање на судството“.

Засега нема коментар од Алжир.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поништен е тендерот за прскање против комарци во Скопје, прескокнат е терминот за прскање за ларви, а комарците веќе се намножија

Дејан Дејан

Неоправдано и без основа е зголемувањето на цените на автомобилското осигурување, одлучи АСО

Дејан Дејан

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе