Вести Македонија Топ вести

Комисијата утврди дискриминација во случајот со 19-годишниот Мемет Камбер, кој почина без матичен број

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди индиректна дискриминација од страна на МВР во случајот со 19-годишниот Мемет Камбер, момчето кое почина без лична карта и кое за државата до неговата смрт остана невидлив.

Неговата судбина остана заглавена во бирократијата на државниот апарат и едвај доби матичен број, но неможеше да извади лична карта и здравствена книшка за да може да се лекува.

Од Комисијата велат дека системскиот пропуст не е во Законот за лична карта туку во Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните каде изрично се наведува дека граѓанинот треба да наведи дали поседува стан или по некој законски основ престојува во некој стан.

Но проблемот настанува доколку некој граѓанин не поседува стан или не може да си дозволи живеалиште под закуп.

Комисијата сега дала препорака до Министерството за внатрешни работи во рок од три месеци да направи измени и дополнувања на Законот.

Велат дека тие не можат да понудат решение како да се стави крај на овој проблем бидејќи тоа не е во нивна надлежност но во нивното мислење е дадена компаративна анализа со примери од регионот како таму е регулирано ова прашање.

 Мемет Камбер со години преку Дневниот центар за деца од улица учествуваше во програмата Лице в лице и како уличен колпортер ги продаваше изданијата на истоименото списание за одржлив развој по скопските улици пред се во Центар и во Карпош.

Сакал да извади и лична карта и здравствена книшка за да влезе во системот и да може да живее нормално. Но за личен документ му барале имотен лист за домот во кој живеел кај семејството на вујко му. А таков документ немало, бидејќи куќата била дивоградба.

Поради тоа сосема запрела постапката за издавање лична карта и преку тоа и за здравствената книшка.

Почина на 24-ти мај поради сериозни компликации предизвикани од неоткриен дијабет.Беше погребан 22 дена по смртта, а неговото тело остана три недели во капелата во Бутел поради бирократски процедури за утврдување на идентитетот на родителите.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе