Вести Свет

Трамп од четвртокот заработил 7,1 милиони долари од продажба на маици и шолји со затворската слика

Изборниот штаб за претседателската кампања на Доналд Трамп соопшти од четвртокот до сега се собрани 7,1 милиони долари, односно откако беше фотографиран во затворот во Џорџија.

Како што се наведува од неговиот штаб, најголем дел од парите се собрани од продажба на предмети со фотографијата на Трамп, како маици, шолји и термоси.

Трамп во четвртокот се предаде на затворските власти во Џорџија, но поради претходниот договор на неговите адвокати со судските власти, набрзо беше ослободен со кауција да го чека судењето за обвиненијата дека се обидел да ги поништи изборните резултати во Џорџија во 2020 година.

Тој се соочува со три други одделни обвиненија, од кои две се поврзани со неговите лажни тврдења дека последните избори биле наместени и нападот на неговите обожаватели на Капитол во Вашингтон.

Поранешниот претседател, кој се кандидира за уште еден мандат, ги отфрли обвинувањата и тврди дека судските случаи против него се политички мотивирани бидејќи тој ја води трката за републиканска номинација и има реална можност за реванш со актуелниот претседател Џо Бајден.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе