Вести Свет Топ вести

Вселенското летало на „Спејс Икс“ со четворица астронаути полета за Меѓународната вселенска агенција

Вселенското летало „ Кру Драгон“ (Crew Dragon) на компанијата на Илон Маск „Спејс ИКС (SpaceX) денеска полета кон Меѓународната вселенска станица (ISS) од вселенскиот центар Кенеди, во Флорида, соопшти НАСА.

Членови на мисијата „Кру-7“ се астронаутот на НАСА, Џасмин Могбели, астронаутот на Европската вселенска агенција, Данецот Андреас Могенсен, космонаутот на Роскосмос, Константин Борисов, и астронаутот на Јапонската вселенска агенција, Сатоши Фурукава, пренесува Тасс.

Екипажот на „Кру-7“ ќе учествува во повеќе од 200 научни експерименти кои ќе помогнат во предвидената изградба на вселенската станица „Лунарна порта“ која ќе орбитира околу Месечината, и преку која ќе се лансираат редовни мисии на површината на земјиниот сателит, како и технологии кои ќе бидат користени при евентуалните идни мисии на Марс.

Претходно тестиравме 3Д принтери во вселената користејќи полимери, но сега за прв пат ќе тестираме метален 3Д принтер, кој ќе ни дозволи да принтаме делови од метал, што може да биде огромна придобивка, во смисла дека ќе ни дозволи да принтаме делови, резервни делови, вселенски делови, алати и сѐ друго што ни е потребно, без да има потреба тие да бидат транспортирани од земјата, изјави данскиот стронаут Моргенсен пред полетувањето.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне изолирана нестабилност – Временска прогноза за 7.5.2024

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе