Вести Свет

Рјабков: Соработката на Русија со Иран нема да подлегне на геополитичкиот притисок

Воената соработка на Русија со Иран нема да подлегне на геополитичкиот притисок, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков по извештајот дека Вашингтон побарал од Техеран да прекине да и продава дронови на Москва.

Нема промени, а соработката со Иран ќе продолжи. Ние сме независни држави и не подлежиме на диктатот на САД и нивните сателити, рече Рјабков, пренесе руската државна новинска агенција.

САД вршат притисок врз Иран да престане да продава беспилотни летала, кои Русија ги користи во војната во Украина.

Иран призна дека испратил беспилотни летала во Русија, но наведува дека тие биле испратени пред руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Во меѓувреме, иранското Министерство за одбрана соопшти дека ниту една од трансакциите на дронови со други земји, како Русија, не е откажана.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе