Вести Македонија

Самохран родител на две деца пријави говор на омраза и насилство на социјалните мрежи во СВР Штип

Штипјанецот Зоран Мијалков, самохран родител на две деца со аутизам, денеска во Полициската станица во Штип го пријави случајот со говорот на омраза и насилство на социјалните мрежи од страна на Ранко Србакоски. Мијалков вчера го повика Србакоски да ги запознае неговите деца, но наместо како што вели Мијалков да се покае, тој продолжи со навредите и заканите. Во видео порака на Фејсбук, борецот за првата на децата со посебни потреби вели дека се има доживеано во неговиот живот, но борбата за децата и возрасните сo посебни потреби, инвалидитет или ретка болест никогаш нема да запре

„Жално што е и вчера сакаше шанса да му дадам, да се покае, да се извине и го поканив на гости да се запознае со мене и децата, за да виде колку греши со тоа што го напишал. Но, за жал не се кае. Затоа што не само моите деца, туку сите деца се навредени. Денеска одам повторно во полиција и се надевам дека инспекторот ќе биде таму, за да го пријавам,“ вели Мијалков.

Првата детска амбасада „Меѓаши“ пред два дена поднесе кривична пријава против Србакоски, адресирана е до МВР и Одделот за компјутерски криминал по основ ширење на говор на омраза и насилство на социјалните мрежи, за што е предвидена и казна затвор од една до пет години.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека Мијалков денеска го пријавил случајот во Полициската станица, а вели дека интензивно работат на расчистување на целиот случај. Таткото на двете деца со аутизам, кој на штипската јавност и е познат како голем борец и грижлив родител  на социјалните мрежи доби поддршка, а граѓаните и граѓанските активисти бараат од институциите санкции за Србакоски кој продолжува со ксенофибичните и расистички пораки, но и закани.

Викторија Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе