Вести Македонија

Градоначалничката Данела Арсовска сака да го врати споменикот на Ќосето кај Континентал на 500 метри од мостот Беласица кој не може да го поправи веќе неколку месеци

И покрај огромната нечистотија низ Скопје кое постојано станува се повалкано,  градоначалничката на главниот град Данела Арсовска реши повторно да предложи враќање на контроверзниот споменик на Андон Лазов-Ќосето.

Споменикот кој го прикажува Ќосето со кама и пушка беше отстранет од пред комплексот судови од нејзиниот претходник Петре Шилегов. Арсовска вели дека доставила иницијатива до Советот на Град Скопје „за повторно поставување на спомен-обележјето на македонскиот револуционер Ќосето“.

Нејзиниот предлог е споменикот да се стави на нова локација, кај хотелот „Континентал“ на крстосницата помеѓу булеварот Александар Македонски и булеварот Беласица, североисточно од кружниот тек. Таа локација е само на половина километар од почетокот на мостот Беласица кој пролетва преживеа пожар и оттогаш е затворен за сообраќај, а администрацијата на Арсовска нема прецизен тајминг кога ќе биде пуштен мостот без кој сообраќајот во овој дел на главниот град е загушен со чести големи гужви.

Арсовска на ФБ објава ја најави ова своја нова акција и барањето доставено до Советот на град Скопје контролиран од ВМРО-ДПМНЕ со која градоначалничката ја раскина коалицијата.

„Се работи за исклучително важна историска личност и еден од најголемите македонски револуционери чиј споменик неправедно и шверцерски беше отстранет од претходното градско раководство.Нема да дозволиме споменикот на македонскиот револуционер да рѓосува по магацини, затоа апелираме час поскоро оваа точка да биде ставена на дневен ред во Советот на Град Скопје и веднаш да биде изгласана. Ова е уште еден начин да ја исправиме неправдата и да се оддолжиме на луѓето кои го дале својот живот за независна и суверена Република Македонија, да ги паметиме и чествуваме хероите од кои ниту еден не смее да биде заборавен“, напиша Арсовска на својот фејсбук профил.

Ова е втор обид на Арсовска да издејствува враќање на споменикот на Ќосето, а прво се обиде да го стори тоа преку општина Центар, но беше отфрлена нејзината идеја.

Застрашувачката фигура на Ќосето беше поставена пред комплексот судови во времето на Коце Трајановски во 2014-та година. На споменикот пред судовите, Ќосето беше претставен не со закон во рака туку со кама и пиштол што будеше асоцијации на начинот на делење на правда и на владеењето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ кое тогаш беше во коалиција со ДУИ.

Беше отстранет во време на градоначалникот Петре Шилегов бидејќи се утврди дека е дивоградба. На негово место беше засадено дрво од видот гинко и беше поставена плоча со цитат од членот 10 од Европската конвенција за човекови права.

Споменикот беше донација од невладина организација, а по отстранувањето беше префрлен во магацините на скопски МЗТ.

Во меѓувреме и советот на општина Аеродром изгласа одлука за да го бара Ќосето за да боде поставен во населбата Лисиче во близина на школо и до населба со големи комунални проблеми.Предлогот на Левица со свои гласови го поддржа ВМРО-ДПМНЕ во општинскиот совет на Аеродром.

Миомир Серафиновиќ

(видео) Општина Аеродром бара да го пресели Ќосето во Горно Лисиче во близина на населба која се поплавува на секој дожд

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе