Вести Македонија

Србакоски се соочува со затворска казна за ширење на говор на омраза

Триест и пет годишниот Ранко Србакоски од Вевчани викендов ја згрози македонската јавност, со расистички и ксенофобични напади кон штипјанецот Зоран Мијалков, познат граѓански активист и самохран татко на две деца со аутизам. Пораките се објавени на социјалната мрежа фејсбук , а во нив Србакоски пишува дека децата со аутизам треба да се извор на човечки органи и се терет на државата. Мијалков вели дека не му е првпат да се соочи со лице кое нема емпатија кон децата со посебни потреби, случајот денеска ќе го пријави во полиција, а вчера реагираше и првата детска амбасада „Меѓаши“.

Србаковски се соочува со казна затвор од една до пет години. МВР денеска потврдија дека пријавата од „Меѓаши“ е пристигната и кусо одговорија дека веќе работат на случајот. Од Меѓаши се упати и апел родителите да ги пријавуваат ваквите случаи.

Мијалков кој сам се грижи за своите деца вчера доби силна поддршка од граѓаните и граѓанските активисти. Голем број на случаи во кои се линчуваат родителите и децата со посебни потреби завршуваат без да се пријават, а сторителите остануваат неказнети и продолжуваат со ширење на говор на омраза.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе