Вести Македонија

Продолжува градежната експанзија во Дојран

Градежната експанзија во Дојран мора да се контролира, смета градоначалникот Ангов. Градот треба да се развива според можностите за задоволување на потребите на изградените објекти. Дојран во моментов се соочува со потреба за изградба на нова пречиситителна станица и обнова на колекторскиот систем, бидејќи градот се изгради, а за време на летната сезона капацитетите се искористени до максимум.

Градоначалникот Анго Ангов вели дека не само канализација и системи за прочистување на отпадните води, на Дојран му се потребни и допплнителни количини вода.

„Ни треба дополнителна количина на вода, па Општина Дојран започна со изградвба на нова бушотина, се очекува нејзино пуштање во употреба и надминување на овој горлив проблем“, вели Ангов.

Покрај зголемениот број на домашни туристи, последниве години Дојран е познат и како дестинација за посета и преноќување од странските туристи кои застануваат тука пред да продолжат или на враќање од Грција.

 

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе