Вести Свет

Бројот на загинати на хавајскиот остров Мауи достигна 80

Бројот на загинати во катастрофалниот пожар во градот Лахаина на хавајскиот остров Мауи достигна 80, објавија локалните власти. Со ова пожарот во Лахаина стана најсмртоносната природна катастрофа на Хаваите во историјата на државата, надминувајќи ги 61 потврдена смрт од цунами во Хило во 1960 година.

Се стравува дека бројките дополнително ќе се зголемат во најлошата природна катастрофа во оваа  американска држава. Поттикнати од сувото лето и силните ветрови од ураганот што поминува, најмалку три шумски пожари избувнаа на Мауи оваа недела, ширејќи се низ исушената трева што го покрива островот.

Најсериозниот се прошири во Лахаина во вторникот и остави куп изгорени остатоци од згради, уништена вегетација, како и бродовите во пристаништето.

Екипите сè уште не ја пребарале внатрешноста на повеќето опожарени згради, поточно објектите во тешко погодениот град Лахаина, изјавија официјални лица. Пожарот во Лахаина засега е 85 отсто локализиран, соопшти округот во петокот

Гувернерот на Хаваи Џош Грин претходно процени дека околу 80 отсто од градот, економскиот центар на регионот, бил уништен од пожарите.

Американската крајбрежна стража соопшти дека спасила 17 луѓе кои побегнале во Тихиот Океан за да се спасат од пламенот на шумскиот пожар што го уништи градот. Тие ги потврдија информациите дека голем број на луѓе спасот од побеснетите пламени јазици го побарале скокајќи во океанот.

„Првичниот извештај што го добивме од првите лица во Лахаина беше дека луѓето се евакуираат во водата. Првичните информации што ги добив беа дека потенцијално до 100 луѓе влегле во водата и ќе им треба помош“, капетан Аја Л. Киркси, командант на секторот за крајбрежна стража Хонолулу.

Многу жители изјавија за медиумите дека не добиле официјално предупредување за пожарите кој избувна во петок напладне по локално време.

Администрацијата за итни случаи на Хаваи во петокот соопшти дека предупредувачките сирени не биле активирани на Мауи за време на инцидентот со шумскиот пожар, но дека предупредувањата биле испратени од мобилни уреди, радио и телевизија.

Југослава Дуковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес од 4,1 степени во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

(ФОТО) Една година по масакрот во „Рибникар“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе