Вести Свет Топ вести

Момчето е избодено до смрт – грчката полиција за синоќешниот навивачки хаос во Атина

Навивачот на АЕК бил избоден до смрт во големите нереди што се случија ноќеска во Атина меѓу навивачи на атинскиот клуб и Динамо Загреб пред вечерашниот дуел во третото квалификациско коло за фудбалската Лига на шампиони, информира грчката полиција.

Во големата физичка пресметка во близина на стадионот „Опап арена“, во атинската населба „Нова Филаделфија“, се повредени осум лица од кои тројца Грци и пет Хрвати. Упасени се 96 лица, а 12-годишно девојче се бори за живот по ударите со камен од, како што пишуваат грчките медиуми, навивачи на Динамо.

„Пред стадионот се случија сериозни инциденти. Млад Грк е избоден до смрт, а шест други лица се повредени и сè уште се во болница“, информира грчката полиција.

Во главниот град на Грција, според тамошните медиуми, пристигнале околу 200 навивачи на хрватскиот клуб и покрај забраната на УЕФА за организирано патување на гостински фанови. Тие, сепак, се самоорганизирале и со приватни автомобили влегле во Грција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @ultrasbalkanofficial

Тие биле забележани од полицијата и ставени на режим на „дискретно следење“. Но, постојат сомнежи дека, сепак, успеале да излезат од полициска контрола благодарение на навивачката група „Гејт13“ на Панатинаикос кој е во „братски“ односи со „Бед Блу Бојси“.

Двете групи наводно се сретнале кај станицата „Ирини“ за потоа, заедно со воз, да отидат со станицата „Пефкаки“ од каде се упатиле пеш кон стадионот на АЕК. До „Опап арена“ се движеле во мали групи и по различни рути, а кога стигнале пред стадионот почнале да демолираат се што им било на патот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @ultrasbalkanofficial

И покрај најавите дека УЕФА е можно да го одложи натпреварот, сепак истиот ќе се одигра вечерва во планираниот термин од 20:45 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе