Вести Свет

Хунтата во Нигер го вика „Вагнер“ напомош – пучистите го затворија небото над земјата во очекување на воена интервенција

Воената хунта во Нигер го затвори воздушниот простор над земјата на неодредено време. Портпаролот на пучистите во обраќањето на државната телевизија ги обвини странските држави дека се подготвуваат за интервенција, по истекот на рокот што го добија од регионалниот блок ЕКОВАС за ослободување на соборениот претседател Мохамед Базум.

Бунтовниците упатија апел граѓаните на Нигер да бидат подготвени за одбрана на земјата. Нигерската хунта во текот на изминатата недела го прекина безбедносните врски со својот поранешен колонијален владетел Франција, а сега се обрати за помош и до руската приватна воена компанија „Вагнер“.

На чело на Нигер од 26 јуни е генералот Абдурахман Чиани по воениот удар во земјата и соборувањето од власт на претседателот Базум.

Алжир и Чад, кои не се членки на регионалниот блок ЕКОВАС, се огласија дека се против употреба на сила во Нигер и дека тие нема да испратат свои војници доколку дојде до интервенција. Со реакција се јавија и Буркина Фасо и Мали, држави кои исто така се управувани од воени хунти, и порачаа дека на евентуална воена интервенција во Нигер ќе гледаат како на објава на војна и против нив.

По соборувањето на претседателот Базум дојде до серија протести во Нигер во кој беше запален и приодот со амбасадата на Франција во Ниамеј. Нередите во земјата беа причина за многу западни држави да спроведат евакуција на свои државјани и дипломатски персонал од Нигер.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Димитровска: Оформени се 45 предмети во врска на изборите од денот на нивно распишување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе