Вести Македонија

ВМРО – ДПМНЕ: Која е причината што Абази нема отворено случај за ниеден скандал поврзан со ДУИ?

Опозициската ВМРО – ДПМНЕ преку соопштение до медиумите денеска го повика шефот на обвинителството за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, да покрене истраги за скандалите што ја тресат ДУИ и прашуваат зошто тоа до сега не е сторено.

Јавноста, како што велат, очекува Абази да го гони криминалот на власта, вклучително и од функционерите на ДУИ, а не да замижува пред него и да го забошотува.

– Нема се уште истрага за скандалите со коридорите, нема истрага за дуќанот на семејството Груби, нема истрага за скриените имоти на владините функционери, вклучително и аудито на Груби, нема истрага за скандалот „Соравија“ и Дрин Ахмети, нема истрага за стотици други афери за оваа власт на ДУИ и СДС, обвинуваат од ВМРО – ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат дало молкот на Абази е поради тоа што во министерството за политички систем била вработена снаата на шефот на обвинителството за гонење на организиран криминал, Ислам Абази и истата потоа била трансферирана во АЕК, една од институциите со највисоки плати во Македонија.

– Артан Груби должи одговори како токму снаата на Ислам Абази, Шпреса Абази била вработена, а потоа и трансферирана во АЕК. Да потсетиме дека Ислам Абази по опис и попис на својата должност треба да ги испитува криминалите и корупцијата на оваа власт. Но јавноста до ден денешен нема видено ниту еден отворен случај или обвинение за некој функционер. Впрочем што да се очекува од човек кој има фото албум од блиски средби со функционери на ДУИ, а со случајот на неговата снаа и поврзаност и со Артан Груби, се вели во партиското соопштение.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе