Вести Македонија

Вработените во МИА одржаа предупредувачки протест за повисоки плати

Иако вработените во Медиумската информативна агенција (МИА) имаат финансиски план за оваа година за зголемување на платите, без екстра трошоци од буџетот, владата ги игнорира. Затоа вработените во оваа државната новинска агенција, денеска ја искористија предвидената получасовна пауза во работата да излезат на предупредувачки протест. Незадоволни се поради тоа што земаат потпросечни плати, што не се зголемени последниве четири години. А, како што рекоа од Синдикалната организација на МИА, владата нивното барање за повисоки плати со месеци не го става на дневен ред. Од тие причини, веќе имаат одлив на кадар, а неодобрените нови вработувања резултираат со недостаток на кадар.

„Прв пат во 25 години постоење на МИА, вработените се принудени преку протест да бараат остварување на нивните права. Денешниот предупредувачки протест е поради игнорантскиот однос на Владата кон барањата за зголемување на платите, согласно Колективниот договор и усогласување со трошоците за живот“, вели Марина Илиевска, претседателка на синдикална организација на МИА.

Поддршка на протестот добија од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Од таму кажаа дека во МИА имаат изработен и потпишан Колективен договор кој нуди унапредување и заштита на работничките права. Но, поради подредената положба во однос на Владата, зашто парите за овој медиум доаѓаат од неа, актуелниот проблем со платите трајно ќе се решава со изготвување нов Закон за МИА.

„Со кој еднаш за секогаш ќе се раскине таа врска за финансирање од Влада за медиум. А, буџетирањето на МИА ќе биде со процент предвиден и договорен однапред, односно со пари на граѓаните. И граѓаните ќе ја плаќаат содржината што ја произведува МИА, а не владата“, изјави Павле Беловски, претседател на ССНМ.

Доколку не добијат дозвола од владата за повисоки плати, од Синдикалната организација на МИА најавија радикализирање на протестите. А, од владата велат дека информацијата за посебната постапка за усогласување на платите за вработените во МИА е во владина процедура и на една од наредните седници ќе се донесе одлука, по што јавноста ќе биде информирана.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе