Вести Свет

Двајца пилоти загинаа во пожарите кои беснеат на грчките острови Родос, Евија, Крф

Шумските пожари кои беснеат на островите Родос, Евија, Крф и неколку локации во континентална Грција ги зедоа првите човечки жртви.

Двајца пилоти на грчките воздухопловни сили загинаа на островот Евија кога противпожарен авион Canadair CL-215 се урна во близина на градот Каристос, неколку минути по 14 часот, објави портпаролот на воздухопловните сили.

Во колиба на островот Евија е пронајдено безживотно тело на овчар, кој во неделата го напуштил селото Платанистос во Евија, загрижен за своето стадо, објавија грчките медиуми.

На видеото емитувано на грчката државна телевизија ЕРТ се гледа светло жолтото летало како го ослободува товарот со вода пред неговото крилото да се заглави во гранка од дрво. Неколку моменти подоцна се заби во земјата и изби огнена топка.

„Тие ги дадоа своите животи за да спасат животи“, рече Мицотакис за пилотите, „капетанот Христос Мулас (34) и поручникот Периклис Стефанидис (27) водеа војна против деструктивните сили на природата“.

Смртта на двајцата пилоти ја коментираа и официјални лица и агенции во странство.

„Нашите мисли се со семејствата на екипажот, нивните другари и грчкиот народ“, напиша на Твитер францускиот претседател Емануел Макрон.

Мицотакис ја откажа посетата на Кипар, која требаше да започне денеска, по разговорот со кипарскиот претседател Никос Христодулидес, кој испрати сочувство за загинатите воздухопловци.

Најопасни се пожарите во Родос и Крф, соопшти Противпожарната служба. На секој остров, четири села мораа да бидат евакуирани додека пожарите напредуваа. На јужниот дел на Евија и северниот дел на Пелопонез, неколку огнови се локализирани, велат од Противпожарната служба.

Вчера започнаа 53 нови пожари низ грција, од кои повеќето беа навремено изгаснати, соопшти тамошната Противпожарната служба.

Со врвот на новиот топлотен бран денеска, цели или делови од шест од 13 региони во Грција се изложени на „екстремен ризик“ од избувнување на шумски пожари од највисока категорија.

Региони во опасност се: Атика, Централна Грција и делови од Пелопонез, Западна Грција, Тесалија и Централна Македонија.

Другите делови од последните четири региони, плус Крит и Јонските острови се соочуваат со многу висок ризик.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе