Вести Свет Топ вести

Хаос во Израел по усвојувањето на првиот закон во контроверзната судска реформа

Противниците на судските реформи на израелската влада синоќа со часови демонстрираа во Тел Авив и Ерусалим, блокирајќи ги патиштата и најавија дека ќе ги интензивираат протестите по усвојувањето на првиот закон во израелскиот Парламент (Кнесет), што се смета за голем чекор во спроведувањето на контроверзниот план. Полицајците успеале да ги растераат демонстрантите со водени топови после полноќ, јавуваат израелските медиуми.

И покрај тоа, илјадници луѓе продолжија да демонстрираат на блиската раскрсница Каплан, каде што почнаа да се собираат неколку часа порано, лути што владејачката коалиција донесе закон со две финални гласања за ограничување на овластувањата на судиите и за давање на избраните функционери поголема моќ за одлучување.

Исто така во Ерусалим, полицајци ги растераа демонстрантите кои протестираа пред парламентот, а подоцна го блокираа автопатот и стигнаа до зградата на Врховниот суд, за која критичарите на владата велат дека ќе биде ослабена со реформата.

Организаторите на протестот најавија дека нивната борба само ќе се интензивира и дека на крајот Израел сепак ќе биде демократска земја. Најмалку 33 лица се уапсени во текот на денот и ноќта во два града, соопшти полицијата. Израелските медиуми и активисти  рекоа дека полицијата употребува прекумерна сила и брутални тактики што не се забележани во 29-те недели масовни протести против реформите.

Протестите се интензивираа вчера доцна попладне по усвојувањето на законот кога израелскиот опозициски лидер Јаир Лапид вети дека ќе поднесе петиција до Високиот суд.

За тоа време, владејачката коалиција ја прославуваше победата освоена еден месец по пропаѓањето на преговорите со цел да се најде компромис со опозицијата за реформите.

„Ова е тажен ден. Ова не е победа за коалицијата. Ова е уништување на израелската демократија“, рече Лапид.

Лидерот на опозициската партија Национален сојуз, Бени Ганц оцени дека битката можеби е изгубена, но дека војната ќе се добие.

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху во своето обраќање до јавноста ги отфрли критиките и рече дека е спроведен неопходен демократски чин чија цел е да се врати рамнотежата меѓу гранките на власта.

Тој најави дека ќе се обнови дијалогот со политичката опозиција и повика на национално единство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе