Вести Македонија

Апелација ги потврди затворските казни за обвинетите за убиство на ракометарот Тот

Остануваат затворските казни за убијците на ракометарот Денис Тот..скопска Апелација ја одби жалбата на обвинетиот Анџело Ѓорѓиевски како неоснована, додека жалбите на обвинетите Андреј Костовски и Клементина Левковска делумно ги уважи и го преиначи досудениот износ на име нематеријална штета…Апелација ја преиначи пресудата на Кривичниот суд, и обвинетите се задолжени, солидарно, на мајката и на таткото на починатиот Денис Тот, да и исплатат по околу 65 илјади евра поединечно, додека на братот на Тот на име нематеријална штета треба да му се исплатат околу 48 илјади евра, плус казнена камата од денот на донесување на првостепената пресуда, соопшти Апелација…адвокатите на обвинетите бараа повторување на постапката, поради суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка, додека Обвинителството предложи жалбите да се одбијат како неосновани, бидејќи, според нив, фактичката состојба е правилно утврдена… убиството на Тот, лани во ноември Анџело Ѓорѓиевски и Клементина Левковска беа осудени на по 18 години затвор, а Андреј Костовски на 16 години..хрватскиот ракометар Денис Тот  почина на осми април 2022 откако беше претепан од обвинетите пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе