Вести Македонија

Аријанит Хоџа: Целосно се оградувам од политичкото дејствување во таканаречениот „опозициски блок“

Заменик претседателот на Движењето БЕСА, Аријанит Хоџа во објава на својот фејсбук профил се огради од таканаречениот опозициски блок на Билал Касами, Изет Меџити и Африм Гаши.

„Почитувани активисти, поддржувачи, симпатизери и сите вие кои во овие години бевте сопатници на нашето политичко патување. Дозволете ми преку оваа објава да Ве информирам дека од денеска целосно се оградувам од политичките дејствија во таканаречениот „опозициски блок“ оценувајќи дека главните актери, носители на оваа иницијатива немаат за цел политичка ротација, туку едноставно „перење“ на политички фигури кои недалеку од денес, беа токму актери за одржување на актуелната власт на Албанците и ја спречија ротацијата во таборот на Албанците. За деталите околу политичките убедувања и луѓето кои делат исто политичко мислење со мене, ќе Ве информираме преку јавен настап во текот на оваа недела“, напиша Хоџа на Фејсбук.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пред нас е милионски долг за враќање, ќе се искористи ли новата милијарда која се најави за  раздолжување?

Дејан Дејан

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе