Вести Свет

Ирак гарантира за безбедноста на странските дипломати

Ирачката влада ги увери дипломатските мисии во Ирак за нивната безбедност, соопштувајќи дека нема да дозволи повторување на нападот врз шведската Амбасада, јавија британските меидуми цитирајчи го соопштението на ирачкото МНР.

Изјавата на Министерството за надворешни работи доаѓа само еден ден откако стотици демонстранти упаднаа во шведската Амбасада во Багдад и ја запалија во знак на протест против плановите да се запали копија од Куранот во Стокхолм.

Ирак вчера го протера и шведскиот амбасадор.

Ирачката влада е целосно посветена на Виенската конвенција, која ги регулира дипломатските односи меѓу државите и им гарантира безбедност и заштита на сите дипломатски претставништва кои живеат во земјатa. Она што се случи со амбасадата на Кралството Шведска во Багдад не може да се повтори и секој таков чин ќе биде предмет на законска одговорност, соопшти Министерството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе