Вести Свет

Хрватска повторно зафатена од невреме, во Риека паднат кран, во Италија торнадо

Хрватска денес беше погодена од уште едно невреме, за среќа, овојпат без човечки жртви. Невремето претходно во облик на торнадо и со град голем колку тениско топче опустоши делови од пошироката област на северна Ломбардија, околу Милано и Венеција во Италија.

Најпрвин Словенија, а потоа и и Истра и делови од Кварнерот и денес беа изложени на силни ветришта кои во Риека урнаа кран во риечкото пристаниште, во Умаг се уриваа стебла, а во Пула паѓаше крупен град. Во туристичкото градче Новиград се пријавени штети на возила и камп приколки врз кои паднале дрвја, во невреме какво, велат мештаните, не се паметело во последниве 30 години.

Речиси цела Хрватска денес беше со вклучен црвен метео-аларм, а во Загреб невремето не беше со истиот интензитет како во средата, кога загинаа две лица, но има извештаи за паднати дрвја и скинати електрични инсталации. Невремето за момент ја прекина и седницата на хрватскиот Сабор, кога вода од силниот дожд почна да навлегува во големата сала низ отворен прозорец.

Суперќелиската бура, како што научниците го нарекуваат овој тип на невреме, на својата патека на деструкција во текот на попладнево продолжи и кон Србија, зафаќајќи ги нејзините западни и северозападни делови, со силни удари на ветер и обилен дожд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе